дома Балкан ОФИЦИЈАЛНО: Вoнрeднa cоcтојбa во Република Српска поради кoрoнaвиpycoт

ОФИЦИЈАЛНО: Вoнрeднa cоcтојбa во Република Српска поради кoрoнaвиpycoт

Од денеска стапува во cилa одлуката за прогласување вoнpeднa cоcтојбa во Република Српска, која е воведена со цел да се спречи ширењето на новиот кoрoнaвиpyc.

Решението го донесе Парламентот на РС на 28 март, а во Службен весник е објавена и стапи во cилa откако претставниците на Бошњаците се откажаа од ставање вето, односно поднесување барање за утврдување на виталниот национален интерес на конститутивниот народ.

Одлуката за воведување на вoнрeднaтa cоcтојбa се однесува на целата територија на Република Српска.