дома Политика Официјално: Кирил Пецаков кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ

Официјално: Кирил Пецаков кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ

Кирил Пецаков и официјално е кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, објави членот на ИК на партијата, Антонио Милошоски, во дневникот на Сител телевизија.

– Нашиот фаворит за општина Охрид е Кирил Пецаков, и може да го врати сјајот на градот, истакна Милошоски.

Пецаков во моментов е пратеник во Собранието на Република Македонија, а претходно беше советник во Советот на општина Охрид.