дома Македонија ОХРИЃАНИ ЛУТИ: Заев ќе бара чаре за џамијата после изборите

ОХРИЃАНИ ЛУТИ: Заев ќе бара чаре за џамијата после изборите

Решение за прашањето за нeлeгaлната изградба на минарето на џамијата во Охрид ќе се бара по изборите на состанок на засегнатите страни во Владата, најави денеска премиерот Зоран Заев во Охрид.

–Знаете дека одржав средба со здружението „Совест“, одржав средба и со Дирекцијата на вакувите што е одговорна за изградбата, точно е дека постои конзерваторско решение за конзервација и реставрација како што е точно дека нема и одобрение за градба. Ова е сензитивен период е, доаѓаат избори. Охрид е пример на соживотот и на меѓурелигиското разбирање, одлучивме за ова прашање заедно на заеднички состанок после 5 мај да седнеме во Владата и го изнајдеме решението. Законите треба да се почитуваат во државата, но истовремено да ги почитуваме и сите други околности што се важни за сите граѓани, рече Заев на новинарско прашање.

Упати апел, пред се, до сите охриѓани, но и до сите во државата со целосна меѓусебна почит и разбирање да се продолжи во рамките на законот, соживотот и меѓурелигиската разноликост, за да се изнајде решение на ваквите проблеми.