дома Хроника Охpиѓaнeц yaпceн зaтoa штo иcкpшил нaплaтнa кyќapкa нa ЈП „Билjaнини извopи“

Охpиѓaнeц yaпceн зaтoa штo иcкpшил нaплaтнa кyќapкa нa ЈП „Билjaнини извopи“

Вчера вечерта, жител на Охрид бил уапсен затоа што агресивно се однесувал кон вработени во ЈП „Билјанини извори“ и ја оштетил наплатната куќарка и инвентарот.

„На 20.07.2021 околу 19.00 часот на бул.„Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.С.(47) од Охрид, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработени во Јавното претпријатие „Билјанини извори“ и со оштетување на наплатната куќарка и инвентарот.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.