дома Актуелно Очајната опозиција продолжува со срамна злоупотреба на првачињата

Очајната опозиција продолжува со срамна злоупотреба на првачињата

Жерновски денес одлучи да лаже и манипулира пред очите на многуте родители присутни на свеченото влегување на првачињата во ОУ „Димитар Миладинов“. Вообичаениот начин на прослава, медиумите под контрола на СДСМ/Сорос се обидоа лажно да го претстават како посебна забава која наводнобила приредена исклучиво поради ќерката на Никола Груевски

Неколкумина кои ги контактиравме за кои знаеме дека имаат дечиња во училиштето ни потврдија дека истиот начин на пречек на првачињата бил организиран и лани, и годината претходно. Директорката која ни ја опишаа како исклучително љубезна секогаш кога можела ги пречекувала родителите, како што впрочем го пречекала и градоначалникот Жерновски со кого се ракувала на влезот.

Медиумите под контрола на СДСМ/Сорос се обидоа да ги покријат лагите и манипулациите, премолчувајќи го одговорот на директорката на училиштето.

Ваквиот принцип на работа не е непознат за СДСМ/Сорос, имајќи во предвид дека Зоран Заев преку видео порака до првачињата испраќаше пораки со политичка пропганда.