дома Социјални Мрежи О2 Инициjaтивa: СДСМ caкa дa гo pacкpчми oнa штo нe cмee дa...

О2 Инициjaтивa: СДСМ caкa дa гo pacкpчми oнa штo нe cмee дa ce пpoдaвa пoд нитy eдeн ycлoв

Од Иницијативата О2, на Фејсбук повикаа веднаш да се запре распродажбата на заедничкото државно земјоделско земјиште во Македонија. Велат дека со новиот нацрт-закон, СДСМ се обидува да го раскрчми она кое не смее да се продава.

Од Иницијативата додаваат дека со новиот нацрт-закон за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, продажба која започна во време на ВМРО-ДПМНЕ со стариот закон од јуни 2013 сега на сила, а со која СДСМ сега сака да се раскрчми она што не смее под ниту еден услов да се продава.

Наведуваат дека од 557,662 хектари обработливо земјиште, 41% е во сопственост на државата, а истото ќе може да се продава за цена од 0.2 евра до 1 евро или 12/18 денари до 60 денари.

Ова земјиште, како што велат ќе може да се продава и на СТРАНСКИ компании / поединци по 1 евро за 1 м2, под услови на „стратешки инвестиционен проект“ и тоа во ЧЕТИРИ ОЧИ, во т.н. непосредна спогодба помеѓу нив и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство.

Во ЧЕТИРИ ОЧИ предвидена е и продажба на државно земјоделско земјиште со кое поединец/фирма во постапка на консолидација, окрупнување, се стекнал со право на ко-сопственост.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.