дома Актуелно Пада Влада?: Алијанса даде поддршка за БЕСА, Таравари бара од партијата на...

Пада Влада?: Алијанса даде поддршка за БЕСА, Таравари бара од партијата на Касами формирање на ново парламентарно мнозинство

Алијансата за Албанците ќе даде поддршка на БЕСА секаде каде во вториот круг за локалните избори битка бие партијата на Касами и ДУИ.

Ова попладнево го соопшти генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на прес-конференција.

Ова значи дека БЕСА може да се надева на поддршката на Алијанса во Желино и во Тетово.

-Нашиот став е конзистентен и ги повикуваме нашите членови и симпатизери и сите други гласачи да ги поддржат кандидатите на движењето Беса секаде каде што настапуваат против ДУИ, а тоа е во две општини Желино и Тетово. ДУИ треба да падне по секоја цена, се надевам дека движењето Беса навистина има за цел да се одвои од злото, но потесетиваме дека тоа се прави доколку ДУИ целосно е острането од власта и создадеме ново парламентарно мнозинство.