дома Временска Прогноза ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ ВО СКОПЈЕ: Тенка снежна покривка го прекри главниот град...

ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ ВО СКОПЈЕ: Тенка снежна покривка го прекри главниот град на Македонија

Вечерва, согласно предвидувањата на УХМР падна првиот снег за оваа година и направи тенка снежна обвивка

Претходно службите предупредија на драстична промена на времето поради поларен бран од Сибир, а кој ќе ја покрие целата територија на Балканот и ќе донесе големи снежни наноси, а во делови и мешавина од замрзнат дожд и снег.

Граѓаните да бидат подготвени за полуполарни временски услови во наредните шест-седум дена со ниски температури до минус 22 степени, снег и замрзнат дожд, да внимаваат при планирање на патувањата и да не тргнуваат на пат без соодветна зимска опрема, апелира Координативното тело за справување со кризи.

Според Оливер Римевски, директор на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува драстична промена на времето поради поларен бран од Сибир, а кој ќе ја покрие целата територија на Балканот. Промената, како што рече, ќе почне со дожд и снег на повисоките места, а не е исклучена и појава на леден дожд.