дома Актуелно Палевски: Пописот им е потребен за да ја оправдаат федерализацијата

Палевски: Пописот им е потребен за да ја оправдаат федерализацијата

Љупчо Палевски во вечерашното гостување во „Што не е јасно“, на ТВ Алфа, зборувајќи за актуелните настани во политичката сфера во Македонија, се осврна на пописот односно на скандалот кој ја разбранува јавноста, дека било кој може да го изманипулира системот со едноставно внесување VPN.

„Со добивање на друга IP адреса, од друг континент, многу лесно од дома можеш да се попишеш како да си надвор од Република МАкедонија. Дури и алгоритмот на софтверот е погрешен, затоа што не предвидел, треба да побара адреса на живеење и така натаму, тоа ништо не бара. Значи не само што законската постапка за пописот е погрешна, подзаконските акти околу методологијата, која што е погрешна, еве дури и апликацијата, и софтверот, алгоритмот е погрешен.. Едноставно, овој попис го буткаат на начин што им треба нумерички, математички податок за да оправдаат еден следен политички чекор, а тоа е децентрализацијата и федерализацијата“, коментираше Палевски.

Палевски додаде дека не е случајно што токму бугарска фирма ја изработила апликацијата за пописот.

„Не е случајно, јас многу пати сум кажал, Швајцарија на Балканите не можеш да ја направиш без Бугарија. Затоа токму се ова ќе се аргументира и со статистички аргумент ќе постои во бугарската агресивна политика кон Македонија и со најавената децентрализација на докалната самоуправа, дополнително правење на некакви окрузи, кантони, сега ќе има и нумерички податок, аргумент. Ги има веќе Бугарите со пасош, ја има агресивната политика, веќе ќе има Македонец со бугарско, српско потекло и така натаму. Значи идејата Швајцарија на Балканите, на Ванчо Михајлов, веќе четири години ја спроведуваат чекор по чекор. Сега е финалето, им треба и статистички податок, аргумент, појасни Палевски.