дома Актуелно Палевски поседува докази, нелегално бил прислушуван и следен уредникот на Инфомакс бидејќи...

Палевски поседува докази, нелегално бил прислушуван и следен уредникот на Инфомакс бидејќи се бореше против промена на името

Во текот на вчерашниот ден по наредба на обвинител на Љупчо Палевски кој се наоѓа во државен карантин му биле одземени телефони, хард дискови и лаптоп, а дополнително било влезено во неговиот дом каде биле одземени останати апарати, мобилни и компјутери.

Според Палевски ова е по барање на Сашо Мијалков и негова пријава, поради страв дека тој поседува „бомби“. Сепак она што е најинтересно е тоа што Палевски за денес најави дека ќе објави документи кои укажуваат на тоа дека Александар Митовски, Палевски лично, Јанко Бачев и уште неколкумина кои застанаа зад бојкотот за време на референдумот биле следени нелегално од власта.

 

Во последниот свој пост тој демантира дека денес ќе пушта бомби туку дека ќе објави докази кои се биле нелегално прислушкувани во изминатите неколку години.

-Во однос на објавата на мкд порталот дека ќе сум пуштал бомби, не е точно…вон контекст е. Јас поседувам докази дека нелегално сме прислушкувани непосредно пред референдумот, Јас, Александар Митовски #ИНФОМАКС, Јанко Бачев и многу други кои бевме активни во тој период во организација на Бојкотот. Но, порталите и понатака одработуваат за мафијашите во државава, пишува Палевски.