дома КОВИД-19 (Коронавирус) Палестинците oдбијa донација од повеќе од милион дози вакцини од Израел

Палестинците oдбијa донација од повеќе од милион дози вакцини од Израел

Палестинските власти го раскинаа во петокот вечерта договорот со Израел за донација и размена на повеќе од милион дози од вакцините против коронавирусот, појаснувајќи дека не сакаат да земат вакцина на којашто наскоро ѝ истекува рокот на траење.

„Откако техничките екипи на министерството за здравство (на Палестинската самоуправа – з.р.) ја прегледаа првата пратка од вакцината на ‘Pfizer/BioNTech’ примени вечерва од Израел…., утврдено е дека таа не ги задоволува карактеристиките предвидени со договорот“, изјавил за медиумите портпаролот на властите во Рамала, Ибрахим Мелхем.

„Владата одбива да прими вакцини на коишто наскоро им истекува рокот на важност“, додал Мелхем.

Претходно во петокот е објавено дека Израел ќе ѝ даде намалку милион дози на Палестинската самоуправа, за да се забрза вакцинирањето во палестинските енклави Западниот брег (на реката Јордан) и Појасот Газа.

Според договорот, Палестинската самоуправа се согласила на Израел да му даде реципрочен број дози, од околу 1,4 милиони, од една од нејзините пратки кои треба да ги прими во септрември и октомври.

Израел беше изложен на критики дека треабло да стори повеќе во поглед вакцините да им бидат подостапни на Палестинците. Околу 55 отсто од израелските државјани целосно се вакцинирани притив коронавусот, а околу 30 отсто од Палестинците ја примиле барем првата доза.