дома Балкан Паметна одлука: Романскиот град Темишвар избра Германец за нов градоначалник

Паметна одлука: Романскиот град Темишвар избра Германец за нов градоначалник

Жителите на Темишвар, третиот најголем град во Романија, на неделните локални избори избраа германски државјанин за свој градоначалник во наредните четири години.

Доминик Фриц освои 54,8% од гласовите, победувајќи го досегашниот градоначалник Николае Робу, кој не успеа да го освои и третиот мандат.

Триесет и седумгодишниот Фриц е првиот странец кој бил избран за градоначалник во Романија. Тој нема ни романско државјанство, ни романски пасош. Роден е во сојузната држава Баден-Виртемберг, живеел во Берлин и работел во кабинетот на бившиот германски претседател Хорст Келер.

Фриц, кој е член на Зелените, има дозвола за постојано живеалиште во Темишвар, што, според европските закони, му овозможува да гласа и да се кандидира на изборите секаде во рамките на Европска Унија. Ова право беше вклучено во романското законодавство во 2015 година.

Ова не е прв ваков случај во ЕУ. Холанѓанецот Марцел Мајер во 2016 беше избран за градоначалник на малиот дански град Самсе.