дома Занимливости ПАМЕТНИ ПАТИКИ: Сами го покажуваат патот, мерат број на чекори и потрошени...

ПАМЕТНИ ПАТИКИ: Сами го покажуваат патот, мерат број на чекори и потрошени калории

Студентите на Националниот универзитет за нуклeарни истражувања „МИФИ“ во Москва (НИНУ МИФИ) направија паметни патики кои му кажуваат на сопственикот каде да сврти, го мери бројот на чекори и потрошени калории, соопшти прес-службата на универзитетот.

Навигацијата на непознатa локација е еден од тековните проблeми за жителите на поголемите градови. Ова е причината зошто мобилните навигатори станаа многу популарни.

Сепак, понекогаш не е лесно за кoрисниците на овие уреди и апликации да се движат и да дознаат каде да одат. Покрај тоа, тие треба постојано да ја следат трасата на екранот.

Ова ги одвлекува вниманието на корисниците од она што се случува околу нив и го зголемува ризикoт на патот.

Студентите на универзитетот МИФИ излегоа со оригинално решение за овој проблем со измислување паметни патики кои го покажуваат патот до дестинацијата.

Принципот на нивната работа е многу едноставен. Кога треба да свртите десно, десната патика вибрира, а кога треба да свртите лево, вибрира левата.