Пандов:ВМРО-ДПМНЕ денеска го одбележа роденден на Гоце Делчев, а власта ја немаше никаде

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Пандов, Претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „ Прашањето ми е следно“ зборуваше за денешниот ден кој се слави како роденден на Гоце Делчев и посочи дека тој како претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ положиле цвеќе на неговиот споменик. Пандов укажа дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, денеска СДСМ целосно заборави на сетоа ова.

-Денес заедно со Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ положивме цвеќе на споменикот на Гоце Делчев мислам дека супер го одбележавме. Апсолутно е дека власта и смета Гоце Делчев им смета сега на Заев и на овие кои се на власт.Заев не го нарекува Гоце Делчев револуционер кој потекнувал од територијата на Македонија. На нив им е страв да го наречат дека е Македонец, дека е роден во Македонија, дека говорел македонски јазик. Кај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има јасна линија, јасно сознание што е Гоце Делчев, кој е Гоце Делчев и тој од тоа ниту се срами, ниту се плаши да каже, а од друга страна Зоран Заев колку пати беше удиран по уши ако го спомне зборот Македонија, ако го спомне макеоднскиот јзик македонски народ и за тоа многу добро знааат граѓаните, истакна Пандов.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This