дома Социјални Мрежи ПАНДОВ: #Бојкотирам победува на сите фронтови

ПАНДОВ: #Бојкотирам победува на сите фронтови

Аналитичарот Александар Пандов во својот последен пост на Фејсбук истакна дека полека, но сигурно доколку денот по утрото се познава, #Бојкотирам победува на сите фронтови. Пандов ги коментираше вчерашните митинзи на власта кои доживеаа вистинско фијаско поради катастрофално малата посетеност за кои вели дека се увертира за гласањето на 30-ти септември. Според Пандов, слично како и на забавата за наводниот влез во НАТО, народот уште еднаш покажал дека не се согласува со политиките на СДСМ. Пандов забележува дека власт со тоа што секојдневно го потсетува народот дека нема да ја почитува неговата волја на референдумот, како и со малтретирањето на поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и уставобранителите дополнително го прави излегувањето на референдумот без предметно.

 

-#Бојкотирам победува на сите фронтови! Ако по утрото денот се познава, со започнување на референдумската кампања на Заев за промена на уставното име и идентитет на Македонија, јасно е дека ликов на 30-ти ќе добие банана од народот. Идентично како и на забавите им за “влез во НАТО”, народот не сака ни да ги гледа ни да ги слуша суратите од СДС. Тито, Амди, Павле и Лиле уште помалку. Неговите изјави дека не ја есапи вољата на народот и без разлика на исходот од референдумот тој со Шеќеринска ќе си ја терале и понатаму работата во окупираните од нив институции, дополнително ствара револт, поденакво како и секојдневното малтретирање на поранешното раководство на ВМРО и уставобранителите, а излегувањето на овој референдум го прави без предметно. Ако на сето ова како црешка на тортата го додадеме и неговото вчерашно ветување, дека неуспешен референдум значи и крај со неговото владеење, останува на гласање дека ќе излезат само иноваторските ѕвезди во ликот на Геро, Цветанка и Пиже, фризерката на Кирацовски и реформаторите, вели Пандов.