дома Македонија ПАНДОВ: Го повикувам и премиерот Заев како докажан моторџија и љубител на...

ПАНДОВ: Го повикувам и премиерот Заев како докажан моторџија и љубител на мотори, да ни се придружи и ни даде подршка во оваа акција!

– Да му кажеме на Петре дека Скопје не е негов пашалак, па покрај тоа што е најзагаден и корумпиран град во Европа, да го направи и единствен каде се наплатува паркинг за мотори. Поради тоа, јас се приклучувам во повикот на мотоклубовите и во 10 часот ќе бидам пред просторите на Град Скопје, со мотор, објави денеска политичкиот аналитичар Александар Пандов на својот Фејсбук профил.

– Го повикувам и премиерот Заев како докажан моторџија и љубител на мотори, да ни се придружи и ни даде подршка во оваа акција! Господ гледа, па видете и времево какво ни се погоди со сонце, шеснаесеткрако, додава тој.