February 6, 2023, 4:21 am

ПАНДОВ: Оправдан е бесот во редовите на СДСМ, Заев не успеа да си ја обедини партијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оправдан е бесот во редовите на СДСМ, а претседателот на партијата Зоран Заев не успеа да ја обедини партијата, смета аналитичарот Александар Пандов.

pandov

„Ги погледнавме сите реакции што видни членови од раководтсвото на партијата ги дадоа по потпишувањето на таа коалиција. Свесен сум дека разочарувањето во редовите на СДСМ е огромно по потпишувањето на коалиција во која се наоѓа и Драгиша Милетиќ, но мислам дека револтот кај луѓето кои години наназад ги посветија во таа партија, нормално е да реагираат бурно, и тоа, како резултат на сите останати работи што Зоран Заев и ги направи на СДСМ“, истакна Пандов.

Тој додаде дека Драгиша Милетиќ е само шлаг на тортата.

„Во целата таа палета на луѓе што ги има предложено Зоран Заев можеме да сфатиме дека тој прави нешто сосема ново, од она што го најавуваше како еден широк фронт во кој ќе бидат вклучени сите опозиционери видовме дека не успеал да си ја обедини својата партија. Оние кои ги паметиме од СДСМ како луѓе од првите редови, на листите не се ставени ни на 20-то место, за сметка на анонимни луѓе. Оправдан е бесот во редовите на СДСМ“, смета Пандов.

Аналитичарот верува дека најголем дел од неговите сопартијци не го поддржуваат, а ниту пак се согласуваат со политиките што ги води.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This