дома Спорт ПАНЧЕВ СИ ЗАМИНУВА ОД ВАРДАР: Кратко траеше штабската кариерата на Панчев во...

ПАНЧЕВ СИ ЗАМИНУВА ОД ВАРДАР: Кратко траеше штабската кариерата на Панчев во Вардар

По елиминацијата на тимот од Пјуник во првото коло од Лигата на Европа, а револтиран и од комплетната ситуација во клубот, како што дознава Екипа, Дарко Панчев дефинитивно од утре планира заминување од црвено-црните редови, пишува Екипа.мк.

Панчев, револтирано ја напушти и арената „Филип Втори“ вечерва по мечот со Пјуник, поради фактот дека од страна на навивачите, преку вулгарни скандирања, беше избран само тој од раководството на клубот, од кого се побара оставка.