дома Занимливости ПАПАТА НЕ ДОЗВОЛУВА БАКНУВАЊЕ НА ПРСТЕНОТ ПОРАДИ ХИГИЕНСКИ ПРИЧИНИ

ПАПАТА НЕ ДОЗВОЛУВА БАКНУВАЊЕ НА ПРСТЕНОТ ПОРАДИ ХИГИЕНСКИ ПРИЧИНИ

Папата Франциско ја трга раката кога верниците се обидуваат да му го бакнат прстенот поради хигиенски причини, изјави портпаролот на Ватикан, Алесандро Гизоти.

– Тоа е просто прашање на запазување на хигиената, одговори Гизоти.

Претходно, видеото на кое католичкиот поглавар ја повлекува раката пред верниците да го бакнат прстенот се прошири на интернет со брзина на светлината. Конзервативните католици го об винија за пот иснување на вековната традиција.

– Папата сака да ги прегрнува луѓето и со задоволство им дозволува да го бакнат прстенот, но кога станува збор за помали групи луѓе… Ако е среде толпа, има поголеми шанси од за рази, објасни Гизоти.

Папскиот прстен, којшто се носи на средниот прст на десната рака, е најм оќниот симбол на авторитетот на поглаварот на Католичката црква. Бакнувањето на прстенот е традиција која датира од пред стотици години и се смета за знак на почит и преданост.

Веднаш откако папата ќе поч ине, прстенот се уништува, со што се означува крајот на неговото владеење.