дома Македонија Парична помош 40 новороденчиња во Ѓорче Петров

Парична помош 40 новороденчиња во Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска потпиша 40 нови решенија за доделување еднократна парична помош во висина од 5000 денари за новороденчиња на територија на општината.

Станува збор за барања поднесени пред изборниот процес и во периодот кога исплатите беа забранети, согласно законската регулатива. Сите претходни барања за новороденче од пред септември 2021 година се исплатени.

Општина Ѓорче Петров на овој начин продолжува со стимулирање на родителите во насока на поддршка на наталитетот во населбата.

Децата се нашата иднина – стои во предизборната програма на Стојкоски. Проектот еднократна парична помош за новороденче ќе продолжи да се реализира и во наредните години.