дома Политика Парламентарни избори заедно со локалните или после нова година

Парламентарни избори заедно со локалните или после нова година

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21, истакна дека сите опции се отворени во врска со предвремените парламентарни избори. Односно дека се можни заедно со локалните, но и дека се можни напролет идната година, односно после исходот од локалните избори на крајот од оваа 2021 година.

„Нема ништо добро за граѓаните, имаме тотална катастрофа“, рече Мицкоски, кој потоа на прашање на модераторот, коментираше за „математиките“ за можни парламентарни избори заедно со локалните.

„Сите опции се отворени, можеме да имаме заедно со локалните и предвремени парламентарни избори, може да чекаме резултати од локалните, па да видиме, па после да имаме напролет предвремени парламентарни избори. Така што сите опции се отворени. Не би сакал да зборувам сега за детали, затоа што кога зборувате за детали, дел од граѓаните имаат некои високи очеквуања, а друг дел се борат да не успеете. Факт е дека Македонија во моментов се движи во погрешна насока и тоа мора да го смениме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.