дома Хроника Патник огpaбил таксист во Скопје

Патник огpaбил таксист во Скопје

На 17.02.2021 во 20.55 часот во Полициската станица Чаир, С.Ф.(43) од Скопје, вработен како таксист, пријавил дека околу 20.15 часот на бул.„Никола Карев”, додека управувал патничко возило „дачиа логан”, со скопски регистарски ознаки, бил нападнат со остар предмет од патник кој го превезувал, при што му одзел пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.