дома Македонија Пауновски и натаму пркоси: Цел ден не му кревал телефон на 3aeв

Пауновски и натаму пркоси: Цел ден не му кревал телефон на 3aeв

Ја известуваме јавноста дека премиерот Заев во текот на вчерашниот ден имал обид за директна комуникација со директорот Пауновски со цел изнаоѓање заедничко решение, но Пауновски не одговорил на повикот“, ова меѓу другото стои во заедничката изјавата на првиот вицепремиер Артан Груби и на вицепремиерот за спречување корупција, човечки ресурси и одржлив развој Љупчо Николовски.

Изјавата е дадена со цел да се оправда барањето за 35 вработувања на “рамковно” вработени во инспекторатот што го води Пауновски кој одби да ги прими поради несоодветни биографии.

Соопштението вo целост можете да го погледнете тука.

Во прилог прочитајте една одлична анализа на социјалните мрежи за случувањата околу пазарниот инспекторат.

-Во врска со изјавата на Заев околу гомнаријата со пазарен инспекторат, кај што Заев вика дека директорот не смее така јавно да се однесува со своите претпоставени, можеме да го заклучиме следново

Заев изгледа појма нема дека воопшто не му е претпоставен на човеков. И дека инспекторат е самостоен орган со сопствен буџет и директор – потписник.

Заев го уценува човекот со закана дека ќе го избрка од работа, користејќи го фактот дека директор се поставува политички, а не по стручност.

Мислам дека тука постои основ за една дебела кривична пријава. Премиерот е еден обичен идиот и штеточина која мора под итно да биде избркана од било која политичка и државна функција. Ако не сте знаеле, ова е најсељачки пример за партизација на државата.

И ова е уствари слика како Заев ја посматра државата: како еден обичен султанат. Кај што еден пие сите плаќаат.

Тотално неписмено, разочарувачки и разорно по институциите на системот кои барем се обидуваат некако да си ја вршат сопствената работа. Вака се упропастува држава, стои во објавата на Твитер на „Никсон“.

Објавата можете да ја погледнете тука.