September 29, 2022, 9:11 pm

Па, п*чк@ му м!т&р, до кога мислите дека луѓето не гледаат што правите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зборете ми дека нема двојни аршини во судството, и дека државата не е за едни мајка, а за други маќеа.

Цели седум месеци Кривичниот суд држи во притвор човек, за кој е докажано дека е притворен врз основа на фалсификувана белешка од АНБ.

Во исто време, осуденикот Зоран Милевски-Кичевскиот, рекетар кој си ја призна вината, се шета на слобода, убива луѓе и се пушта од притвор по нешто помалку од 24 часа.

Иста е приказната и со Рашковски, човекот се шета по населба, си оди на лекар, си живее живот со парите од местениот тендер за хеликоптери и сообраќајни камери.

И внимавајте на објаснувањето, кај двајцата пресудна била медицинската документација која докажувала дека им треба здравствена грижа.

Бре, мајката.

Зашто не сте толку хумани и во случајот на Орце Камчев. Човекот има поднесено медицинска документација од стотици страни, потпишана од најмалку 15 кардиолози од Македонија (државно и приватно здравство) и уште толку странски доктори. Таа документација на Камчев во која јасно се објаснува дека човекот е во животозагрозувачка ситуација не е доволна за Џолев, Стефанова и судијата Илија Трпков, ама ќе глумиме хуманост за убиецот Кичеец и тендерашот Рашковски.

Па, пичка му матер, до кога мислите дека луѓето не гледаат што правите?

Свесни сте сега зошто перцепцијата за судството за најкорумпирана банда е таква во последниве 20 години?

Пишува: Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски на Фејсбук

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This