дома Европа ПЕНДАРОВСКИ ВО НЕДЕЛА СО СВОЕ ОБРАЌАЊЕ: Претседателот учествува на Минхенската бeзбедносна конференција

ПЕНДАРОВСКИ ВО НЕДЕЛА СО СВОЕ ОБРАЌАЊЕ: Претседателот учествува на Минхенската бeзбедносна конференција

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, од денеска до 16 февруари 2020 година учествува на 56. Минхенска бeзбедносна конференција.

Претседателот Пендаровски присуствуваше на отворањето на конференцијата, на кое се обрати Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер и претседавачот на конференцијата, амбасадорот Волфганг Ишингер.

Предвидено е претседателот Пендаровски попладне да говори на тркалезната маса „Балкански дијалози”, на која е предвидено учество на Јосеп Борел Фонтелес, потпретседател на Европската комисија и Висок претставник за надворешни работи и бeзбедносна политика на ЕУ, Албин Курти, премиер на Република Косово, Еди Рама, премиер на Република Албанија, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија и Екатерина Захариева, вицепремиер за правосудна реформа и министер за надворешни работи на Република Бугарија.

Претседателот Пендаровски во недела ќе има свое обраќање на Минхенската бeзбедносна конференција.

Предвидено е претседателот Пендаровски за време на учеството на Минхенската бeзбедносна конференција да оствари повеќе средби со дел од учесниците на собирот.

На 56. Минхенска бeзбедносна конференција е најавено учество на над 500 лидери во областа на политиката, бизнисот, академската сфера, граѓанското општество, здравствени организации, вклучувајќи над 35 шефови на држави и влади и над 100 министри за надворешни работи и за одбрана.

Меѓу најавените учесници на собирот се американскиот државен секретар Мајк Помпео, францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот премиер Џастин Трудо, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, членови на Европската комисија итн.