February 6, 2023, 10:10 am

Пендаровски нема став за случувањата во Собрание, но се навредил од изјавата на Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Пендаровски нема став за актуелните случувања во Собранието на Р.Македонија, а наместо коментар за политичката криза во која влегува државата, претседателот објасни дека бил навреден од изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Претседателот Пендаровски е непријатно изненаден од изјавата на господинот Мицкоски во која тој кусата средба со претседателот на САД, Џо Бајден, ја нарекува ТикТок средба, велат од кабинетот на Пенндаровски за Иннфомакс.

Оттаму додаваат дека тој никогаш нема да си дозволи средбите со странски државници на Мицкоски да ги нарекува со исти зборови, и вели дека Унгарија и господинот Орбан биле пријатели на Р.Македонија.

– Претседателот Пендаровски никогаш не си дозволил и нема да си дозволи средбите на господинот Мицкоски, на пример, со господинот Орбан да ги нарече ТикТок средби ниту пак на идентичен начин да ја дисквалификува средбата која пред 10 години со господинот Бајден, тогаш потпретседател на САД, ја имаше неговиот тогашен партиски претседател, Никола Груевски, велат од кабинетот на шефот на државата.

– Станува збор за САД, Унгарија и многу други наши докажани партнери и пријатели од меѓународната заедница со кои сме дел од истата демократска заедница на вредности и затоа треба да покажеме поголема почит кон нивните политички претставници, потенцираат од Кабинетот на Стево Пендаровски.

За ситуацијата со исчезнатиот пратеник, од кабинетот на Пендаровски велат дека МВР треба да постапи по пријавата на Билал Касами.

– Што се однесува прашaњето за пратеникот, надлежен орган за пронаоѓање исчезнати лица е МВР и како што е веќе објавено претседателот на движењето БЕСА го пријавил случајот во МВР, велат од кабинетот на Пендаровски за Инфомакс.

Пендаровски смета дека ако не биде изгласано ново парламентарно мнозинство тогаш постојното останува и нема да предложи нов мандатар.

-Ако до вечерва не биде изгласано ново парламентарно мнозинство, тогаш постојното мнозинство и Влада продолжуваат со работа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This