дома Социјални Мрежи ПЕТИР: Љубовта кон Македонија нема крај

ПЕТИР: Љубовта кон Македонија нема крај

Поранешната европратеничка Маријана Петир од Хрватска на својот профил на Твитер сподели фотографија со која уште еднаш ја истакна својата љубов кон Македонија.

„Видете што најдов во моите кутии од Брисел. Тоа е љубов што нема крај! #Македонија #љубов #пријателство “, твитна основачката и шефица на Групата пријатели на Македонија во Европски парламент до смената од Владата на Заев во февруари минатата година.