дома Актуелно ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ НА СРЕДБА СО ОСУДЕНИ КРИМИНАЛЦИ: Шилегов на средба со Сами...

ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ НА СРЕДБА СО ОСУДЕНИ КРИМИНАЛЦИ: Шилегов на средба со Сами Ферати – осуден на 3 години затвор во Швајцарија па протеран!

Петре Шилегов, како носител на кандидатската листа на СДСМ во ИЕ 6, без стеги ветува федерализација, двојазичност и поделба на Македонија пред Албанците во Тетовско. При неговите средби со граѓаните веќе воопшто не крие за што се залага партијата и за што го бараат нивниот глас.

Не само што не се крие и гласно ги пропагира ставовите за двојазичност, промена на Уставот и укинување на Рамковиот договор, но и федерализирање по примерот на кантонизацијата во Швајцарија, туку Шилегов јавно настапува на средби со лица од албанското подземје во Македонија и регионов.

Пред неколку дена Шилегов при промоција на тезите за федерализација се сретнал со група на граѓани на кои им ветувал „брда и долини“ потврдувајќи ги изјавите на Заев од Швајцарија. Шилегов низ „Шестката“ потврдува дека Заев им дал „беса“ на албанските радикали, но и на сите албански политички фактори во земјата. Според ветувањето на Заев, идната федерализација или кантонизација на државата, за чиешто име дополнително ќе се одредува судбината, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години. Двојазичноста е само прва од трите фази на федерализацијата заедно со кантонизацијата и федерализацијата, како преоден пат кон отцепување на делови од Македонија.

Денес пак, Шилегов бил на средба со албанското подземје кое оперира во Тетово и тетовско, со што само се продолжува низата и проширувањето на соработката помеѓу раководството на СДСМ со криминалците во Македонија, а особено со делот на албанското подземје.

На фотографијата може да се види Петре Шилегов во срдечна прегратка со Сами Ферати. Криминалец од Теарце, тетовско кој во 2013 година беше депортиран од Швајцарија во Македонија, откако претходно одлежа три годишна затворска казна.

Претходно, Шилегов, Заев и Спасовски често можеа да бидат видени во друштво на познати криминалци од Македонија. Меѓу нив, највпечатлива е дружбата со Закир Бекири Чауш, кој важи за врска на СДСМ со радикалниот ислам од Косово, кај кого освен фабриката за афери беше пронајдена и голема количина на оружје и панцири.