дома Македонија Петрушевски: Избори во јуни нема да има!

Петрушевски: Избори во јуни нема да има!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, Бране Петрушевски во гостување на ТВ Плус Куманово порача дека доколку СДСМ реши да оди на избори на 21-ви јуни, ние им посакуваме среќа на тие избори.

-Избори во јуни нема да има. Останува на политичките лидери преку разговор, преку дијалог да се договорат тогаш кога ќе биде најбезбедно за граѓаните и да направат се да гарантираат да се одржат едни легитимни, фер и демократски избори, истакна тој.