February 7, 2023, 10:51 pm

Пецаков-Брнз: Вo иднинa мeѓyceбнaта copaботка ќе се yнaпpeдува во пoвeќe oблacти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска остварив протоколарна средба со г-ѓа Кејт Мари Брнз, амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Македонија. На средбата разговаравме за веќе воспоставената добра меѓусебна соработка, но и за можностите за продлабочување на соработката, информира Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид.

-Амбасадорката ми ги пренесе искуствата од државата Вермонт во развојот на екотуризмот кои целосно може да се применат и во Охрид, како и дека постои можност и за соработка во областа на образованието со оваа држава. Ја информирав амбасадорката за планот и динамиката во реализирањето на предвидените инфраструктурни и капитални проекти, како и за ставот за продолжување со работа во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО. Амбасадорката Брнз ја истакна својата поддршка за заложбите за зачувување на универзалните вредности и јавното добро. Разговаравме и за актуелни локални теми како и за предизвиците во развојот на туризмот во пандемскиот период.

Заеднички беше потенцирано дека во иднина меѓусебната соработка ќе се унапредува во повеќе области.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This