September 26, 2022, 11:16 am

Пецаков ја додели наградата за животно дело „Св. Климент Охридски“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на социјалните мрежи објави фотографии од доделувањето на Наградата и Повелбата – „Св. Климент Охридски“.

„Го чествуваме Патронот на Охрид – „Св. Климент Охридски“

На свеченоста што се одржа во очи на големиот празник, ги доделивме највисоките општински признанија, Наградата и Повелбата – „Св. Климент Охридски“ – Патрон на Охрид.

Наградата за животно дело „Св. Климент Охридски“ – Патрон на Охрид се додели на академик проф. д-р Љупчо Коцарев, додека Повелби им се доделија на Мишо Јузмески – постхумно, Гордана Лолеска и Здружението „ЕКО – ФАП“.

Во рамки на чествувањето присуствував на традиционалната фото изложба на фотографскиот клуб „Охрид“, стои во објавата на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This