February 7, 2023, 9:16 am

Пештанци yтpe нa пpoтecт пpeд кaмпoт „Гpaдиштe“ – cи ги бapaат нaзaд имoтитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пештанци во недела, повторно ќе протестираат и ќе го блокираат влезот на авто-кампот „Градиште“, со барање за враќање на имотите кои им се одземени, преку процесот за денационализација. Жителите на Пештани кои ќе протестираат побарале и припадници на МВР да го обезбедуваат протестот, за да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир, бидејќи за време на викенд бројот на туристи е голем.

– Протестот ќе се одржи на ден 11.07.2021 (недела) од 09:30 часот до 14 часот на влезот од таканаречениот ‘авто камп’ Градиште. Со овој мирен протест се бара да се вратат имотите на барателите кои имаат неколку пресуди во нивна корист. Пресудите на Управен суд мора да се спроведат бидејќи се задолжителни и извршни! Да не би дошло до нарушување на јавниот ред и мир побарано е присуство на припадници на МВР – информираа од Здружението на граѓани на одземени имоти во процес на денационализација “Оревче” – Пештани.

Во соопштението тие предупредуваат дека наводно се организира и контрапротест на како што го нарекуваат „А.Д. УЗУРПАТОР во Градиште“.

Претходно, Здружението одржа два протести во изминатиот месец. Тие сметаат дека законите се на нивна страна, но не и правдата. Станува збор за 100 наследници од 35 семејства кои во Градиште имаат земјиште во вредност од 30 милиони евра.

Процесот на денационализација трае со години. Земјиштето се наоѓа на атрактивна локација. Жителите тврдеа дека државата им нудела од 240 до 270 денари за метар квадратен. Затоа бараат реална оштета или враќање на имотите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This