дома Социјални Мрежи Писмото на Јанева е договорено со власта за да се заобиколи опозицијата

Писмото на Јанева е договорено со власта за да се заобиколи опозицијата

Писмото испратено од Затворот Скопје, во кое специјалната јавна обвинителка зад решетки Катица Јанева му наредува на СЈО во рок од три дена кривичните предмети во судење, истрага и предистрага да се предадат во Јавното обвинителство на Љубомир Јовески. За адвокатот Јанаки Митровски ова е изведено во координација или под притиcoк на власта за да се заобиколи процедурата, но и опозицијата.

Писмото или полномошното на Јанева е во координација или под пpитисок на власта со што ќе се обидат да ја заобиколат процедурата и опозицијата .На линија е и Републичкото обвинителство кое вели ете нема проблем Катица ни ги дава предметите, иако за тоа нема законски основ, пишува Митровски.

Премиерот Заев веќе изведен период инсистира предметите на СЈО да се префрлат во ЈО, а заменик на Јанева да се најде од редовите на ова обвинитество.