дома Актуелно Пишуваме историја: Започнува првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство

Пишуваме историја: Започнува првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство

Започнува првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство во фудбал. Првиот противник со кој ќе се соочат македонските фудбалери е репрезентацијата на Австрија.

Македонија за прв пат учествува на Европското првенство во фудбал.
Ова е стартниот состав кој ќе го отвори дуелот помеѓу Македонија и Австрија на Европското првенство во фудбал.

На голот е Димитриевски, во одбраната ќе бидат Муслиу, Велковски, Стефан Ристовски, по страничните позиции се Алиоски и Николов, во средниот ред ќе играат Адеми, Барди и Елмас, а во нападот Пандев и Трајковски.