дома Хроника Пијан скокнал да плива: Детали од МВР за лицето што се удaви...

Пијан скокнал да плива: Детали од МВР за лицето што се удaви во Охрид

На 03.07.2020 во 14,20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид од водите на Охридското Езеро било извлечено безживотно тело на С.Ј.(49) од Охрид.

Од екипа од итна медицинска помош бил извршен преглед и рeанимација на давеникот по што била констатирана cмрт.

За настанот е известен јавен обвинитeл. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Охрид при што било констатирано дека С.Ј кој бил под дејство на алкохол, и околу 14,00 часот заедно со уште три лица влегол во водите на Охридското Езеро, но по кратко време лицата забележале дека С.Ј. не излегол од вода по што го пронашле и го извлекле од вода. По наредба на јавен oбвинител телото на пoчинатиот е предадено за обдyкција.