дома Русија ПЛАНИРАЛЕ ДА СЕ ВЕНЧААТ: Но, се случи кобниот лет – пееја заедно...

ПЛАНИРАЛЕ ДА СЕ ВЕНЧААТ: Но, се случи кобниот лет – пееја заедно во рускиот хор и заминаа на последното патување

Ралина Гилманова (22) и нејзниот свршеник Михаил кои беа членови на хорот Аександров се едни од оние кои за жал беа на кобниот лет кон Сирија. Тие се на списокот на 92 настрадани.

Парот се свршил минатата година и наскоро требало да се венчаат. Заедно пееја и заедно заминаа во бесконечноста.

Меѓу настраданите членови на рускиот хор се и Олег и Екатерина Корзанов, кои имаат тригодишен син.

На списокот на загинатите се наоѓаат и младите балерини Раљина Гиљманова, Дарја Трофимова и Марија Клокоткова.

Сепак има и лица кои судбински го избегнаа кобниот лет. Така во авионот не влезе пејач на хорот, Роман Валуто, кој не бил пуштен да полета, бидејќи му истекол пасошот, како и солистот Вадим Анањев, чија сопруга само што се породила и го замолила да остане дома.

-Се чувствувам како да ме удрија по глава. Се уште не можам да верувам. Ми велат дека сум роден под среќна ѕвезда – рекол Анањев.