дома Македонија ПЛАЌАЛЕ ПРОФЕСОРИ И ЕВРОПАРЛАМЕНТАРЦИ ДА ДАДАТ ПОДДРШКА ЗА ДОГОВОРОТ: 40 професори и...

ПЛАЌАЛЕ ПРОФЕСОРИ И ЕВРОПАРЛАМЕНТАРЦИ ДА ДАДАТ ПОДДРШКА ЗА ДОГОВОРОТ: 40 професори и експерти од САД и Европа дале поддршка за договорот од Преспа

Преку 40 академици од Европа и САД ставиле потпис како поддршка за на договорот помеѓу Македонија и Грција од Преспа за решавање на спорот за името, пренесува бугарската агенција БГНЕС

 

Писмото со поддршка на кое се потпишани повеќе од 40 „експерти“ е објавено во вчерашниот број на британски „Гардијан“. На истото се потпишани професори и научници од универзитетите во Лондон, Беркли, Болоња, Њујорк, Варшава, Кембриџ како и членови на Европскиот парламент. Според нив „договорот ги уважува достоинството на двата народи и личното право на самоопределување и ја демонстрира волјата на двете држави за мирно сожителство“.

Ваквата поддршка најчесто владите ја добиваат преку лобирање, односно како услуга за сериозна сума на пари. Поддршка од голем број на професори, експерти, европарламентарци и Конгресмени, познато е во светот на политиката дека може да се добие со доволно финансиски средства.

Ова е уште еден обид за манипулирање со јавноста, а во насока на референдумската кампања на Владата.