дома Политика ПЛАЌАМЕ ДАНОЦИ ЗА ДА СИ ГО ПОЛНАТ ЏЕБОТ: Владата на Заев стана...

ПЛАЌАМЕ ДАНОЦИ ЗА ДА СИ ГО ПОЛНАТ ЏЕБОТ: Владата на Заев стана бизнис картел!

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, одби да одговори дали ќе се повлече од сопствеништвото на фирмата „Фероинвест“ која учествува на државен тендер на компанијата ЕЛЕМ.

-Стојам тука исправен пред вас и јавноста да ги разјаснам политиките на Владата. Фирмите имаат управители и менаџери и јас искрено немам време да комуницирам со нив. Ви порачувам на вас да се обратите – одговори Анѓушев на новинарско прашање.

На денешната прес конференција за економските мерки на Владата, повикан да одговори се најде премиерот Зоран Заев, кој порача дека треба да се испочитуваат законите, но и етичките принципи.

-Важно ми е учеството на Анѓушев во Владата, но важно е тие компании да продолжат да функционираат и вработените да добиваат плати – рече Заев, пренесува Фокус.