дома Локално ПЛАЌАЊЕ БЕЗ КАМАТИ НА РАТИ: Поволност за граѓаните кои имаат заостанат или...

ПЛАЌАЊЕ БЕЗ КАМАТИ НА РАТИ: Поволност за граѓаните кои имаат заостанат или редовен долг за вода

Сите граѓани кои имаат заостанат или редовен долг за вода, сега ќе може да го исплатат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Ова е одлука која вчера ја донесе Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, за ослободување од камата на сите корисници.

Можноста да се плати овој долг е во времетраење од 90 дена.

Физички лица може да го исплатат долгот на 4, 6 или 12 рати, во зависност од висината на долгот.

Лица од социјално ранливите категории, приматели на постојана парична помош и самохраните родители кои имаат заостанат долг, ќе можат да го отплатат на повеќе рати од предвиденото.