дома Спорт ПОБЕДА НА ВАРДАР: Вардарци ги победија ракометарите на Рајн-Некар Левен

ПОБЕДА НА ВАРДАР: Вардарци ги победија ракометарите на Рајн-Некар Левен

Ракометарите на Вардар го продолжија стартот од соништата на оваа сезона во Лигата на шампионите, откако по Монпелје, Кристијанштад и Веспрем, денеска го совладаа и тимот на Рајн-Некар Левен (29-27).


Фантастичното второ полувреме беше пресудно, во него „црвено-црните“ заиграа во својот препознатлив стил во нападот, во одбраната во клучните моменти се разбрани Милосављев, па „лавовите“ од Манхајм ги снајде судбината што минатиот викенд му се случи на Веспрем, а нешто претходно и на европскиот првак Монпелје.