дома Спорт Победничка атмосфера пред „Јане Сандански“: „Комитите“ ги пречекаа ракометарите на Вардар

Победничка атмосфера пред „Јане Сандански“: „Комитите“ ги пречекаа ракометарите на Вардар

Екипата на Вардар вчера ја загуби битката со Пик Сегед во Унгарија, но севкупно го доби овој двомеч и по третпат во низа обезбеди пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Овој резултат ги израдува сите навивачи, симпатизери, поддржувачи на „црвено-црните“, па дел од нив денеска ги пречекаа ракометарите пред СЦ „Јане Сандански“. Атмосферата беше славеничка, победничка секако со недеж дека четата на Парондо нема тука да застане и ќе успее да направи ново чудо во Келн.