December 1, 2022, 9:37 pm

Повеќе струшки села добија струја по 30 часа, ЕВН работи на санација на мрежата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите на струшките села Лабуништа, Подгорци и Боровец по речиси 30 часа добија електрична енергија.

ЕВН соопшти дека нема нови дефекти во дистрибутивната мрежа, а интензивно се работи за санација на мрежата и наскоро се очекува да се стабилизира снабдувањето во последните локации.

– Засилени екипи на Електродистрибуција цело време работеа на терен за санација на дефекти, кои се појавија во дистрибутивната мрежа и успешно санираа голем дел од нив, а сеуште работат без прекин во отстранување на последните преостанати дефекти, кои се во рурални средини каде што освен лошите временски услови, екипите се соочуваат и со непристапен терен, информира ЕВН Македонија.

Поради обилните врнежи од снег, вчера се појавија бројни дефекти на преносната и дистрибутивната мрежа на електична енергија. Околу три часа без елетрична енергија останаа: Охрид, Струга, Ресен, Дебар и околните населени места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This