дома Македонија Повикот на директорот на болницата во Струмица покажа каква е состојбата во...

Повикот на директорот на болницата во Струмица покажа каква е состојбата во Македонија

За тоа каква е состојбата во нашиот здравствен систем јасно покажува денешниот повик на Директорот на Општа Болница Струмица.

Станува збор за апел преку социјалните мрежи упатен до граѓаните финансиски да помогнат во набавка на амбулантно возило, вели Александар Донев од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО – ДПМНЕ во повеќе наврати прeдупредува дека здравствениот систем има сериозни проблeми и има голем удел во здравствената криза и зaгрижувачкита дневна статистика.

Како одговорни граѓани доколку ваквиот пристап е законски издржан ние сме свесни дека секој ТРЕБА ДА ПОМОГНЕ КОЛКУ И КАКО МОЖЕ.

Патем, да се потсетиме дека струмичкото СДС има неколку газди чиј возен парк изненадува.
Да го потсетиме СДС дека можеби треба да се обратат до сограѓанинот Ден Дончев како упатен во работите на системот.

Наместо да протecтираат пред штабот на Опозицијата во Струмица бизнисмени нека покажат итна солидарност со граѓаните и пациентите.

Конечно, се потврдува дека за оваа состојба одговорен е Министерот Филипче кој заедно со соработниците треба да одговара.

На здравствениот персонал му посакуваме да издржи во справувањето со ситуацијата, на пациентите да поминат со лесно и апелираме сограѓаните да ги почитуваат мерките и да го чуват своето здравје.