дома Хроника Повредени седум лица во тешка сообраќајна несреќа кај с. Зaјас

Повредени седум лица во тешка сообраќајна несреќа кај с. Зaјас

Седум луѓе се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај с.Зајас, помеѓу три возила.

– Во Медицинскиот центар Кичево тешки телесни повреди биле констатирани кај возачот Ј.В., а кај сопатниците од нејзиното возило А.А.(23) и Е.С.(23), двајцата од Кичево, кај возачот Ш.В. и неговите сопатници С.С.(22) и А.С.(32) од Кичево, како и кај возачот Џ.А., биле констатирани телесни повреди – се наведува во соопштението на МВР.

Извршен е увид на местото на незгодата.