дома Актуелно (Видео) Повторно дpaма во cyдницата, Боки 13 обвинyвa за намecтено cyдење

(Видео) Повторно дpaма во cyдницата, Боки 13 обвинyвa за намecтено cyдење

Денес во Кривичниот суд треба да започне судењето за „Меѓународен сојуз“, а на обвинителна клупа седат пратеничката Фросина Ременски и Бојан Јовановски.

Овој предмет ќе го судат истите судии од случајот „Рекет“, Васка Николовска- Масевска и Софче Гаврилова -Ефремова. Разликата е во тоа што сега судијката Гаврилова -Ефремова е претседател на судечкиот совет, а судијката Николовска -Масевска е втор судија.

Јовановски обвинува повторно за политички игри во судницата. Според него судењето е наместено, а денешното рочиште ќе биде одложено бидејќи како што вели тој ја нема втората судијка.

 

https://www.youtube.com/watch?v=B8xmtQ5Xing&feature=youtu.be