дома Временска Прогноза Повторно промена времето – вонредна временска најава

Повторно промена времето – вонредна временска најава

Територијата на нашата држава се наоѓа под влијание на многу постудена воздушна маса која се спушта од северните гфеографски широчини и истата и понатаму ќе условува многу ниски температури на воздухот кој наутро ќе се спуштат во интервалот од -10 до 0 степени, на повисоките и планинските места температурите на воздухот ќе се спуштат и под -10 степени.

Преку денот ќе имаме сончево време со умерена облачност а ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во текот на утрешната ноќ како и во петок ќе има врнежи од снег од локален интензитет и истите ќе бидат со слаб до умерен интензитет па така ќе дојде до зголемување на снежната покривка на повисоките и планинските места, услови за сосема тенка снежна покривка има понекаде и на пониските места.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 9 степени во најтоплите делови од државава.

И понатаму ќе дува умерен до засилен северен ветер.