дома Актуелно ПОВТОРНО СЕ АПСАТ ОБВИНЕТИТЕ ЗА 27. АПРИЛ: Тоталитарен режим потврдено!

ПОВТОРНО СЕ АПСАТ ОБВИНЕТИТЕ ЗА 27. АПРИЛ: Тоталитарен режим потврдено!

Дел од обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата година вечерва повторно се приведени. Според информациите до кои дојде „Република“ доцна вечерва од своите домови се изнесени оние кои вчера беа пуштени да се бранат од слобода.

По само еден ден откако судот одлучи да им го замени притворот со домашен притвор, вечерва нов стрес за обвинетите и нивните семејства. Повторно полицијата влегува во нивните домови и ги изнесува со лисици на раце. Се уште нема потврда за кои од осомничените се работи, но наскоро ќе објавиме подетални информации.

Инаку денеска обвинителството поднесе обвинение против 30 лица за настаните кои се случија во Собранието на 27 април кога беше извршен упад во Собранието.

Од вкупно 35 осомничени обвинението е поднесено против 30 лица, за четири лица е прекината постапката бидејќи не се достапни за органите на прогонот, а за едно лице постапката е запрена бидејќи обвинителството не нашло докази дека лицето сторило кривично дело.

Дваесет и осум лица се товарат за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста, а две лица се товарат за помагање за истото кривично дело.