дома Хроника Повpeдeна една жена при ekcплозија на плинска боца

Повpeдeна една жена при ekcплозија на плинска боца

Жена завршила со повреди при експлозија на плинска боца во Пробиштип.
На 09.06.2021 околу 12.10 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во дом на ул.„Плавица” во Пробиштип, сопственост на Ј.Ј.(61) и С.Ј. од Пробиштип, експлодирала плинска боца. Притоа, со повреди се здобила Ј.Ј. и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Пробиштип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.