дома Хроника Повpeдeни три лица во сообрaќајка со возило на МВР

Повpeдeни три лица во сообрaќајка со возило на МВР

На булеварот „Партизански одреди“ во Скопје вчера во 14.55 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди а4“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од М.М.(30) од Скопје и патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(46) од Скопје.

Во незгодата со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобиле двајцата возачи и сопатникот во возилото „ауди“, З.Т.(52) од Скопје. Извршен е увид.