дома Временска Прогноза ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Облак од сахарски песок се приближува кон Европа- еве кога...

ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Облак од сахарски песок се приближува кон Европа- еве кога пристигнува во Македонија!

Западна Европа кон крајот на неделава ќе биде погодена од голем облак од сахарски песок, што претставува ретка метеоролошка појава, објави сајтот „Север Ведар Јуроп“.

Сајтот наведува дека облакот ќе ги зафати Франција, делови од Шпанија и Португалија, речиси целиот Апенински Полуостров, земјите од Бенелукс, како и западниот Медитеран, каде ќе биде и најголемата концентрација на песокот.

Облакот е предизвикан од силен циклон што од Северна Африка се движи кон Европа.

Првите знаци на облакот уште во текот на денов пристигнаа во западните делови на Средоземното Море, како и во јужна Шпанија.

На почетокот на следната недела облакот ќе продолжи да се движи кон исток, па во текот на ноќта меѓу понеделник и вторник се очекува да стигне до северозападните делови на Балканот, пред се во Хрватска.
+